Десетгодишно дете починало вчера попладне по 16 часот, откако во него удрило автомобил мерцедес, управуван од 21-годишен возач, кој побегнал од местото на несреќата. Настанот се случил на булеварот „Никола Карев“, познат како „Пластичарска“ улица во Скопје.
Детето било прегазено во моментот кога се обидувало да ја премине улицата. Случајни минувачи му помогнале на настраданото дете, кои се обиделе да го реанимираат. Детето било пренесено во Ургентниот центар, каде лекарите констатирале смрт.
Возачот кој побегнал бил пронајден неколку часа по несреќата од страна на полицијата.