Кате и групата „Сарај“ со „Носи ме на Долни сарај“ се победници од публика, додека Душко Ѓеоргиевски со „Златна риба струшка“ од жири на јубилејното 30 издание на „Охрид фест“, кое се одржа вчера вечерта на сцената на Долни сарај во Охрид.
Второто место од публиката му припадна на Наум Петрески и Лилија Семкова за песната „Посилни од се“, додека третата на Перо Христов за „Добри луге“.
Втората награда од жирито му припадна на даце Николовски за „Ние љубов сме“, додека третата на Мирко Врретоски за „Рибарска“.
На фестивалот беа доделени и останатите награди, како награда за интерпретација, која ја доби Зуица Лазова, награда од новинарите, меѓу кои беше и од нашиот медиум, а ја доби дуетот Татјана Лазаревска и Новица Василевски, награда за аранжман, кој му припадна на Дамир Имери, награда за најдобар текст на Ѓорги Калајџиев, наградата за дебитант ја освои Марко Трпчевски, а награда за сценски настап на Јуле Николовска. Нгрдадата за најтрубадурска песна ја освои ансамблот „Биљана“, додека наградата „Аце Ангелески“ му припадна на Ристе Наумовски.
Оваа вечер на фестивалот се слушнаа песни во различни стилови, од кои поголем дел ќе бидат прифатени од публиката. Охрид фест уште еднаш покажа дека не е само место за хитви, туку и место за дружење. Фолк пејачите ја имаа една од ретките можности да се соберат на едно место, да си поприкажат и секако да си честитаат на наградите.
Охрид, пак, по 30 пат ги отвори вратите на песната, на музиката, на дружбата. Вчер фолкерите покажаа како треба да се дружи, почитува и честита.
Вечерва фестивалот продолжува со интернационалната вечер, на која покрај домашни изведувачи, на сцената ќе се појават и ѕвезди од странство. Сите заедно да го прослават јубилејот на Охрид фест.