На гoлемата сцена „Долни Сарај“ вечерва почнува 30-тото јубилејно издание на Фестивалот „Охрид фест – Охридски трубадури“.
На првата од двете фестивалски вечери, посветена на фолк музиката, ќе бидат презентирани 19 новосоздадени песни во изведба на Милован Секуловски, Игор Петковски, Павле Витанов, Јуле Николовска, Мирко Вретоски, Ансанбл Билјана, Ристе Наумовски, Татјана Стефановска, Даце Николовски, Марко Трпчевски, Петар Нечовски, Катерина Танева и група „Сарај“, Перо Христов, Благица Павловска, Душко Георгиевски, Зуица Лазова, Нино Величковски и дуетите Татјана Лазаревска-Новица Василевски и Наум Петревски-Лилија Семкова. Во ревијалниот дел вечерва ќе настапи Сузана Спасовска.
На втората интернационална вечер, ќе бидат изведени 15 нови поп- песни, со специјалните гости Божидар Волф, Дарко Капо и Зорица Андријашевиќ, Џими Сион, Срѓан Марјановиќ и Бане Видојевиќ, Гоца Тржан и Принц, Васил Гарванлиев. На Неда Украден ке и биде доделена награда за безвременскиот хит „Зора је“, додека Дадо Топиќ е овогодинешниот добитник на наградата предвидена за ширење музика на Балканот.
Од фестивалот ќе има директен пренос на националниот сервис на Македонската телевизија, а фестивалот може да се следи и на телевизии станици во Србија, Хрватска, Црна Гора, Словенија, Босна, Грција, Албанија, Бугарија, меѓу кои и директниот пренос на „Гранд“ телевизијата.
Фестивалот преку телевизиските преноси изминатите три децении допре до над 200 милиони гледачи во педесетина земји во Европа и низ светот, а во фестивалските анали е запишано дека пејачи од 37 земји во Европа и светот на „Охрид Фест – Охридски трубадури“ имаат изведено околу две илјади музички нумери.
Влезот е слободен.