Ретките видови коњи во Зоолошката градина во Скопје се отруени, покажаа обдукциските наоди.
Управата на Зоолошката градина во СКопје на својот Фејсбук профил го објави официјалното известување од наодот, во кој, поради несовесни угинаа ретки видови коњи.
-Официјалните резултати од обдукциските наоди покажуваат дека сортните коњи во ЗОО Скопје се отруени со брзоделувачки отров. Резултатите од обдукцијата се доставени во МВР и во Агенцијата за храна и ветеринарство за понатамошно постапување. ЗОО Скопје поднесе и официјална кривична пријава, а по сторителот активно се трага и се проверуваат сите снимки од безбедносните камери. Ваквиот срамен и кукавички чин силно го осудуваме и апелираме до МВР и Обвинителството да постапат што е можно побрзо со цел санкционирање на сторителот, информираат од Зоолошка.