Додека Грција се бори со шумските пожари кои неконтролирано се шират во близина на Атина и се обидува да го евакуира населението во опасност, на социјалните мрежи се појави видео од калуѓерки од манастир.
Според грчките медиуми, полицијата со сите сили се обидува да ги убеди калуѓерките да се евакуираат од манастирот во Мандра во западна Атика.
Манастирот се наоѓа во близина на жариштето.
👮🔥🙏Αστυνομικοί καταβάλουν κάθε δυνατή προσπάθεια να πείσουν μοναχές να εκκενώσουν μοναστήρι στην #Μάνδρα.
🚒 🚓 Στην περιοχή συνεχίζουν να επιχειρούν αστυνομικές δυνάμεις για την παροχή βοήθειας στους πολίτες.#φωτια #Πυρκαγια pic.twitter.com/ifDKfYBt9S
— Ελληνική Αστυνομία (@hellenicpolice) July 18, 2023
Но, калуѓерките се уште се во манастирот, а како што можете да видите на видеото кое кружи пеат, се молат и се крстат додека околу нив има чад.
Според информациите, полициските сили продолжуваат да дејствуваат во областа за давање помош на граѓаните.