Првата дама, Елизабета Ѓоргиевска, вчера блесна на отворањето на фестивалот „Охридско лето“. Впрочем како и секогаш Ѓоргиевска е со моден погодок во сите прилики.
Вчера беше облечена во црн фустан, на кој имаше лебед апликација. Како моден додаток одбрала филигран брош. Елегантна и достоинствена, Ѓоргиевска ги собра сите пофалби.
ММС ја праша за идејата за комбинацијата.
-Фустанот е со мотив на лебед, симболот на градот Охрид. Фустанот го имам носено и претходно, во духот на одржлива мода. Нов детаљ во изгледот е брошот, филигран, прицврстен со сатенска лента.
Креација е на Марта Пејоска, наша уметница, која оваа година беше и меѓу жените кои ЕУ Делегацијата ги наведе како инспиративни лица по повод месецот на жената, изјави Ѓоргиевска за ММС.
Претседтелот Пендаровски ѝ парираше со елегантен син костум и сина вратоврска.
(В.М.)
https://www.facebook.com/reel/1186199072776903