Месечниот извештај за мај на Институтот за јавно здравје ХИВ/СИДА и други сексуално преносливи инфекции пријавени се 5 нови случаи на ХИВ/СИДА во државата. Од пријавените лица 4 се од машки пол, а едно лице од женски пол.
„Две лица се од Гостивар и по едно лице од Штип, Охрид и Велес. Лицата се на возраст од 25-44 години. Две лица се МСМ (мажи што имаат секс со мажи), две лица се хетеросексуалци и едно лице е бисексуалец. Во текот на месец мај не се регистрирани смртни случаи од ХИВ/СИДА“, стои во извештајот на Институтот за јавно здравје.
Согласно постоечката евиденција на пријавени случаи (заклучно со 31.05.2023), кумулативниот број на лица регистрирани со ХИВ/СИДА во Македонија, за периодот 1987–2023, изнесува 602, од кои 123 лица починале, а 479 лице живеат со ХИВ/СИДА.
Во делот за сексуално преносливите болести, во мај се пријавени и пет нови случаи на Хепатитис Б и три заболени со хламидија.
Со прогласување на крајот на пандемијата со Ковид, нема дневни известувањата, но вирусот е присутен и во текот на месец мај, пријавени се вкупно 119 случаи.
Од нив, најголем број на заболени (n=75) се пријавени од Скопје, а највисока инциденца (13,9/100.000) се регистрира во Крива Паланка. Во текот на месецот беше пријавено едно починато лице.
Од почетокот на пандемијата, заклучно со 31.05.2023, пријавени се вкупно 348.327 потврдени случаи на COVID-19 (I=18.964,7/100.000) и 9.939 смртни случаи (Mt= 541,1/100.000).