Крузер полн со свингери викендов вплови во Дубровник, Хрватска, а наскоро ќе биде во Котор, пренесува хрватски „Индекс“. Покрај хрватското приморје ќе крстарат и по црногорското и италијанското крајбрежје.
Организатор на патувањето е компанијата „Оригинал груп“, а цените на крстаречкиот брод „Азамара џурни“ воопшто не се евтини.
На пример, цената на луксузната двојна кабина е близу 30.000 долари.
На бродот се одржуваат тематски вечери, еротски работилници и разни „сензуални“ забави, но има еден услов. Мора да се почитуваат „куќните правила“, што значи дека се добредојдени само парови.
Може да останете без облека само во одредени простории. Строго е забрането фотографирање и снимање во простории каде што учесниците можат да бидат голи.