Со презентација на програмата на која работи компанијата Паксон, застапник за јапонски Дајкин во Македонија, денеска во Штип беше отворено претставништвото на оваа компанија во Штип.
Претставништвото ќе го покрива регионот, а ќе работи на подготовка на проекти, монтажа, изработка и комуникација со потенцијални клиенти. Претставништвото се наоѓа до зградата Промаја во Горно маало.
Дајкин е бренд познат по решенијата за климатизација, а македонската компанија Паксон ги применува во домовите на физички лица, во компании, институции. Оваа компанија во своето портфолио ги има решенијата греење и ладење на фирми како Кромберт и Шуберт во Битола, Дрекелмајер во Куманово, зградата на ЕСМ, Макпетрол, банки, хотели, ресторани, како и приватни згради.