Штипската полиција во билтенот вчера регистрира два случаи на починати во своите домови, но како што подоцна е утврдено и двајцата се без траги на насилство.
Вчера изутрина во 9.25 часот, во СВР Штип е пријавено дека во домот во кој живеела во Штип била пронајдена почината Г.Н.(48) од Кратово, со живеалиште во Штип.
-Смрт без траги на насилство констатирал лекар од Итната медицинска помош Штип, а увид на местото извршила увидна екипа на СВР Штип. По наредба на Јавен обвинител телото на починатата било предадено на семејството, соопшти полицијата.
Вториот случај, истиот ден е пријавен во 20.25 часот според кој, околу 20.00 часот во домот во село Долани, штипско, бил пронајден починат С.К.(65) од Штип. И во овој случај е констатирана смрт без траги на насилство, а увид на местото извршила увидна екипа на СВР Штип. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено на семејството.