Со факели синоќа беа дочекани младите борачи на БК „Балканец“ во Штип, кои со медали се вратија од Сидирокастро – Серес, Грција.
На Балканското првенство што се одржуваше од 05 до 07 мај, младите борачи на „Балканец“ освоија четири медали, двајца станаа балкански шампиони и две трети места.
Во екипен пласман кадети (У-17), македонската репрезентација го освои третото место.
Пласман:
Пионери (У-15):
Категорија: 68кг. Зоран Шоров – прво место.
Кадети (У-17)
Категорија: 55кг. Стефан Стојков – прво место;
Категорија:55кг. Стојанче Стојков – трето место;
Категорија: 53кг.Марија Цветанова – трето место.