Цел свет се уште ја следи наводната драма во врската меѓу фудбалерот Кристијано Роналдо (38) и неговата партнерка Георгина Родригез (29), пренесува 24сата.хр.
И покрај се погласните гласини за раскинување и наводната жестока расправија во јавноста пред да се качат во авионот, манекенката и реалити ѕвездата излегоа да негираат дека има некакви проблеми во нивната врска.
-Завидливите измислуваат гласини, се шират озборувања, а идиотите веруваат – е текстот на шпанската песна што Георгина ја цитираше на Инстаграм.
Проблемите наводно започнале кога Роналдо пристигнал во новиот клуб во Саудиска Арабија, но сега е откриен нов детал за тоа што најмногу му пречи на еден од најдобрите фудбалери на сите времиња кај неговата девојка и мајка на две од неговите пет децата.
-Таа мисли дека е рамна со него. Се става на пиедестал и мисли дека е на негово ниво. Тој врие. Од говорот на телото се гледа дека не е среќен, а како што се оддалечува од семејството е понервозен“ – пишува шпанска Марка која побара коментар од психологот Квинтин Ариес.
-Георгина ги поминува целите денови во трговски центри и само ги троши неговите пари. И таа заработува, но не ни приближно колку тој. Најмногу има поради него, дури и добива месечен надоместок од неговата плата. Како мисли дека таа е еднаква? – прашуваат многу луѓе.
Роналдо во случај на раскинување ќе треба да и плати на Џорџина 350 милиони евра.
Богатството на фудбалерот се проценува на една милијарда евра, а на оваа отштета се обврзал кога го потпишале договорот, тврди португалската телевизија ЦМ. Договорот го потпишале Кристијано и Георгина кога почнале да живеат заедно и кога решиле да имаат биолошки деца. Двојката има две ќерки, додека сурогат мајки на Роналдо претходно родиле уште три деца.
-Роналдо веќе го боли главоболка од сумата што треба да ја плати на Георгина доколку раскинат. Тогаш би останала без некои привилегии, како приватен авион, скап возен парк, месечен додаток, но сигурно нема да има финансиски проблеми. Парите се најголемата причина за проблеми и расправии во нивната врска. Роналдо не поднесува да троши пари на глупости – рекол добро упатен извор.