Во домот на Ражнатовиќ и Родиќ пристигна уште еден внук – Крстан, a тато Вељко, сестрите на Богдана, пресреќните баби и дедовци не ја симнуваат насмевката од лицата. На забавата присуствувале многу луѓе од естрадата, но, место балканска ѕвезда, вниманието овој пат го украде мајката на Богдана, Данијела Родиќ, пишува курир.рс.
На денот на породувањето таа се појавила во две женски изданија. Прво дошла во породилиште во темно сива облека, а тој стајлинг го заокружила со модерни црни чевли и чанта во иста боја. Покрај тоа, забележливо е дека ја променила фризурата, што дефинитивно и ги симнала годините од нејзиното лице.
За прославата во вилата на Дедиње избрала убава зелена облека, која одлично и прилегала, а се слушаат коментари дека никогаш не изгледала подобро, и дека видливо изгубила на тежина.
Јавноста беше воодушевена од промената на модниот израз на сваќата на Цеца, но можеа да се слушнат и гласини дека ниту Данијела не одолеала на естетските корекции. Светлата насмевка дојде до израз, аречиси и да немала брчки на лицето.
Даниела Родиќ важи за многу вредна и пристапна жена и не и е проблем да се занимава со било што.. Таа ја воодушеви српската јавност со продавање на пазар, но и со домаќинството што го одржува во Тител.
Таа во една прилика пред медиумите истакна дека би сакала да има девет внуци, како и дека таа и нејзините познати сваќи Цеца Ражнатовиќ и Гоца Божиновска феноменално се согласуваат и дека се во многу блиски односи.
-Не ни сонував дека ќе станам роднина со Цеца и Гоца. Сè е судбина, никој не го планирал така. Одлично се сложуваме и двете се супер. Бев со Цеца кај неа на Кипар и си поминавме фантастично. Таа е прекрасна и гостопримлива. Во контакт сум со Гоца, имам само пофални зборови за неа. Среќна сум што мојата Богдана добро се сложува со Цеца, како и Бојана со Гоца. Сите се почитуваме и тоа е најважно, изјавила Даниела.