Целиот проблем е во сопствениците на кучињата – вели дресерот на кучиња, Николај Атанасовски, за ММС по немилиот настан, кога вчера куче од расата Булмастив усмрти осумгодишно дете во скопската населба Пинтија.
Атасовски за ММС се обиде да објасни дека оваа раса се големи, но толерантни и не бараат којзнае колку активност, бидејќи се стабилни. Само ако се почувствуваат загрозени тогаш реагираат.
-Јас имам дресирано вакво куче и е супер и ден денес, дома го чуват и во него има нула агресивност. Е сега за ова куче се зависи дали е малтретирано или тренирано за борба. Не знаеме, тоа газдете ќе си го каже. Бидејќи, овие кучиња ако не се поттикнат се многу се мирни. Но, ако се поттикне агресивноста во него нема назад, одат до крај, бестрашни се – вели Атанасовски и додава дека нивната големина може да стаса и до 80 килограми ако е машко.
Според него за конкретниот случај треба да се види со газдата.
-Од многу причини. Не можеме огромно куче да го чуваме во два квадрата, затоа треба да се проверува за кој профил на човек станува збор и дали го земал од љубов кон таа раса или за борби. Ако е обучено за борба, а е пуштено слободно да шета нормално е дека ќе направи беља. Пак ќе кажам газдите имаат одговорност не животните. Не може да земеме животно да чуваме, а да го врземе и да не го видиме со денови. Жално е за детето што се случило, сочувство до родителите, ама пак ке кажам, сѐ е до газдата. Блумастив се огромни кучиња и заштитнички настроени кон семејството, вели Николај.
Оваа раса кучиња, додава Николај, ако е правилно социјализирано е супер куче.
– Не дај Боже да го обучувал за борби. Тогаш е сосема друга приказна. Конечно треба да се поведе ред кој се зема кучиња да чува и зошто. Не може секој што сака да земе да чува. Јас сакам лав да чувам ама не може. Мора да се проверува газдата, само газдата може да поттикне агресивност кај кучето. Кога се зема куче треба да се има услови, да се провери и да се види дали да му се додели или не. Затоа сметам дека конкретно за ова куче не е само сега агресивно, за да напрадне дете тоа мора да е агресивно од подамна. Газдата мора да си го знае кучето. Не може преку ноќ да стане агресивно. Затоа треба да има едукација на сопствениците, особено за оние кои чуваат големи кучиња и каде генетските предиспозиции имаат тенденција да станат агресивни ако неправилно се социјализираат. Мора да има стучни надзори, барем три пати во годината доколку се установи дека таа раса е агресивна. Не може да земеш Шарпланинец и да го чуваш во стан од 40 квадрати, кога тоа куче сака слобода. Тоа куче ќе умре. Една е желбата други се можностите. Мора да има стандардни. А сите сме агресивни ако не се социјализираме како треба, и луѓето и кучињата реагираат исто, вели Николај.
(В.М.)