Руските медиуми известија дека руски виролог вклучен во развојот на вакцината против Ковид, бил пронајден мртов по расправија со крадец во неговиот стан во Москва. Рускиот медиум Регнум објави дека Андреј Ботиков, еден од 18-те научници кои придонеле за развојот на вакцината Спутник V во Националниот истражувачки центар Гамалеја, бил пронајден мртов во неговиот дом на 2 март. Официјални извори потврдија дека тој бил задавен, пренесе Newsweek.
По инцидентот, Истражниот комитет на Русија (ИЦР) покрена истрага за убиство. Тие веруваат дека 29-годишен маж при расправија го задавил научникот со каиш, а потоа побегнал од местото.
Иако официјалните извештаи сугерираат дека смртта на 47-годишниот виролог настанала при неуспешна кражба, сепак, овој инцидент е дел од серијата необјаснети смртни случаи меѓу членовите на руската елита во текот на изминатата година, вклучително и научници и бизнисмени.
Московското одделение на Истражниот комитет на Русија (ИЦР) објави соопштение во кое потврди дека сторителот бил идентификуван и приведен од истражителите за кратко време, иако во соопштението не се наведува името на жртвата како Ботиков.
„За време на сослушувањето, тој ја призна вината, беше обвинет“, се додава. „Претходно обвинетиот се гонеше за сторено тешко кривично дело“, се наведува во соопштението. МЦР соопшти дека кривичната истрага е во тек.
Андреј Ботиков и руската вакцина против Ковид
Андреј Ботиков бил вработен како виролог во Националниот истражувачки центар Гамалеја од 2014 година. Тој беше дел од тимот одговорен за развој на вакцината Спутник V, за која Русија тврдеше дека има клиничка ефикасност од 91%, значително повисока од другите вакцини.
И покрај тврдењето за високата ефикасност за вакцината Спутник V, Русите како да имаа двојба за ефикасноста на вакцините, па нешто повеќе од 60% примиле најмалку една доза, според податоците од Универзитетот Џон Хопкинс. Понатаму, бројот на загинати од СОВИД-19 во земјата се искачи на речиси 400.000 од почетокот на пандемијата.
Одлуката да се пушти вакцината за јавна употреба пред да се заврши третата фаза на клинички испитувања и бавното споделување на податоци со светот од страна на истражувачите, исто така, го попречија нејзиното прифаќање на меѓународниот пазар, според истражувањето спроведено од Карнеги фондацијата за меѓународен мир.
Мистериозна смрт на високо рангирани Руси
Смртта на Андреј Ботиков се случи нешто повеќе од две недели по смртта на генерал-мајор Владимир Макаров, висок воен офицер во Русија, кој, според државните истражители, починал од самоубиство откако бил отпуштен од својата позиција.
Руската амбасада во Париз потврди дека Вјачеслав Таран, милијардерот основач на Forex Club, починал во хеликоптерска несреќа во близина на неговата резиденција во југоисточна Франција кон крајот на ноември 2022 година.
Анатолиј Герашченко, поранешниот водач на Московскиот авијациски институт, почина минатата година откако наводно паднал „неколку скали“.
Извор: Њусвик