Често ја миете косата или е природно сува? Обидете се тоа да го правите само со балсам или со специјално средство за миење без сулфати кое не прави пена.
Ако спаѓате во онаа група на луѓе кои често мора да ја мијат косата бидејќи бргу им се мрси, тогаш миењето без шампон би било најдобрата опција за вас.
Се работи за опција (техника) позната и под името co-washing (скратено од миење со кондиционер). Таа подразбира косата да ја миете со балсам за коса или специјално средство за миење, кое не содржи сулфати. Се прашувате која од состјките би ги отстранила нечистотиите? Тоа се хидратантните масла и сличните состојки кои го привлекуваат она што е наталожено на косата, а се отстрануваат преку миењето.
Како функционира?
Миењето без шампон и шампонирањето воопшто не се разликуваат. Сè што треба да направите е на косата да нанесете балсам без силикон или специјално средство кое не пени и со врвовите на прстите нежно да го истриете скалпот, а потоа добро да ја измиете косата. Доколку е потребно повторете го процесот.
За разлика од шампоните, специјалните средства не создаваат никаква пена. Принципот на кој функционираат се базира на сличните состојки кои се привлекуваат и се „врзуваат“ една за друга, во овој случај масло со масло. На косата ќе ѝ биде потребно време да се навикне доколку ја миете без шампон, па можеби на почетокот ќе имате чувство дека темето ви е масно. Важно е крајниот ефект да биде хидрирана и сјајна коса.
Водете сметка дека кога ја миете косата на овој начин, треба да користите мала количина балсам и постепено да додавате вода додека не добиете кремаста текстура. Потоа прво масирајте го темето, а потоа и косата по целата должина. Пожелно е да користите четка и чешел за расчешлување.
Ако ви е потребна дополнителна хидратација, пожелно е меѓу состојките во балсамот да има масло. Избегнувајте сулфати, парабени и силикони. Иделниот производ за вас зависи од потребите на вашата коса.