Министерот за економија Крешник Бектеши денеска соопшти дека в петок или недела ќе се знае кои видови зеленчук и овошје ќе бидат со замрзнати цени.
Како што изјави Бектеши, влезните параметри за овошјето и зеленчукот од Министерството за земјоделство се веќе во Министерството за економија и се очекуваат уште податоците од Царинската управа.
– Во текот на денешниот ден, најверојатно до утре, ќе ги имаме сите податоци и во петок или во недела ќе ја информираме јавноста на кои овошја и зеленчуци ќе се замрзнат цените, истакна Бектеши откако соопшти дека се замрзнуваат цените на хигиенските производи.