Премиерот Ковачевски денес се прошета во маркет во скопската населба Тафталиџе за да утврди дали се почитува владината мерка за замрзнување на цените на одредени производи.
Но, пред да им се обрати на новинарите моментот го искористи една пензионерка, за да му постави прашање на Ковачевски за малите пензии и восоките цени.
-Најголемите пензии 4000 денари најмалите пензии 900 денари, ве молам кој може да преживее со 12.000 денари, го праша таа Ковачевски.
– Пензиите се зголемуваат согласно трошоците за живот. Се ќе направиме за да можеме да ги зголемуваме пензиите и во иднина. Прва работа ни беше да ја смениме методологијата за зголемување на пензиите. И самите знаете дека досега ги зголемивме за 16 проценти. Во септеврми ќе има уште едно зголемување со кое што ќе имаме 25 проценти зголемување на пензиите што никогаш досега не било. Методологијата вели дека секој март и секој септември пензиите се зголемуваат согласно со трошоците за живот и согласно со просечната плата која расте. Ќе направиме се за да ги зголемуваме пензиите и во иднина. Кризно време е, меѓутоа цел буџет го користиме за такви работи и рече меѓу другото Ковачевски.
И покрај негодувањето на новинарите пензионерката не застана тука, па го праша премиерот за високите цени и покрај намалувањето, односно замрзнувањето на цените.
-Цените се до плафон, со два денари макарони и јајца на 99 денари и сега ги замрзнавте цените. Што е, тоа е поевтинување? Многу тежок дојде животот па не можеме да купиме ниту лекарства“, го праша таа премиерот.
– Точно е дека цените беа многу зголемени, Војна во Европа се води и секаде се зголемени. Но, еве пензиите ги зголемивме, а цените ги намаливме за да може секој подобро и полесно ја помине кризата, и рече премиерот.