Многумина ќе се согласат дека односот меѓу паровите не е ист кога се во врска и кога потоа ќе стапат во брак. Поради тоа, некои парови се долучуваат на „пробно“ заедничко живеење за да се навикнат еден на друг.
Недоразбирањата и несогласувањата се само дел од причиниѕе поради кои паровите се одлучуваат за разделба. Токму на идеја за развод дошла и една жена која својата исповед ја сподели со јавноста. Таа раскажа со каков проблем се соочува за да може да види какви би биле мислењата на другите жени на оваа тема.
„Сопругот и јас имам тригодишна ќерка. Кога ми заврши породилното отсуство од работа јас се вратив на своите работни обврски и сега едвај стигнувам да постигнам се во рок од 24 часа, Сите знаат дека кога имате мало дете, речиси и да немате слободно време. Токму поради тоа една постапка на мојот сопруг многу ме изнервира, па дури помислив и да се разведам. Уморна сум од се“, ја зпаочнува жената својата приказна сакајќи да остане анонимна.
Таа објаснува дека 90 отсто од домашните обврски ги прави исклучиво сама, додека празниците и родендените ги организира без поддршка од сопругот.
„Мојот сопруг оди на работа и кога ќе дојде дома одмара. Тој работи пет дена во неделата, а викендите му се слободни, Се подразбира дека ручекот секогаш е зготвен, облеката испрана, а куќата секогаш средена. Често го нервира кога во сабота чистам со правосмукалката додека тој гледа телевизија. Поради намален обем на работа, работното време ни е сведено на четири деа неделно, така што петтиот ми е слободен. Детето во текот на неделата скоро и да не го гледам, а кога му соопштив на сопругот за слободниот ден тој веднаш ми предложи тоа да биде денот кога јас ќе ја чистам куќата за да може и двајцата да имаме слободен викенд. Дали тој мисли дека јас сум куќна помошничка“, прашува налутено жената.
Коментарите кои ги доби на социјалните мрежи по објавувањето на текстот, беа на нејзина страна.
„Што мисли тој, дека децата се чуваат, ручекот се готви и куќата се средува со магично стапче“?
„Зошто не му предложите наместо еднаш неделно, да ја средувате куќата два пати неделно, но дека планирате да дадете отказ, а дека тој мора да ве издржува“?
„Каква себичност, тој не сака да учествува во чистењето, додека Вам и петтиот ден ќе ви биде работен“ – се само дел од коментарите.
Извор: srecna.republika.rs