Додека светските патници патуваат со 630 километри на час во супер брзи возови, кај нас, на релацијата Велес – Скопје возот од вторникот патува со максимална брзина од 20 километри на час!
Со одлука на ЈП Македонски Железници Инфраструктура ограничена е брзината на релацијата Скопје – Велес и обратно. Не е познато зошто е ваквото ограничување, кое засега стотици граѓани на Велес и околината, кои секојдневно патуваат на работа или други потреби со редовниот воз.
Патниците се лути, особено тие што во вторникот вечерта од Скопје тргнале со вечерниот воз во 22:40 часот, а во Велес пристигнале во 35 минути по полноќ.
Патниците споделуваат видео од движењето на возот, револтирани од тоа како функционира железничкиот патнички сообраќај во Македонија во 21-от век.