Сара Кокингс добила три милиони евра на лотарија кога била студентка и нејзиниот живот се променил преку ноќ.
Откако ја зела сумата од три милиони евра таа веднаш потрошила десет илјади евра на пластични операции на градите за себе, но и за своите сестри.
И покрај тоа што џекпот добивката ѝ го променила животот, не било баш сè како во бајка.
Кога имала 21 година таа освоила добивка на националната лотарија и тој период од својот живот го опишала како „вртлог“ бидејќи студирала на факултет за социјална работа. Од парите кои ги добила таа платила пластични операции за себе и своите две сестри Ема и Алекс, а на родителите им купила куќа. Освен тоа, таа купила и два луксузни автомобила.
Нејзината приказна стигнала до насловните страници, а еднаш се пошегувала дека луѓето ги застануваат неа и нејзините сестри и ги прашуваат: „Дали се тоа градите од лотаријата“?
Потоа, таа се „правдала“ дека знаела на што ги троши парите.
„Веднаш откако ги освоив парите купив гради за моите две сестри, сите се сеќаваат на тоа. Сакав да направам операција на градите бидејќи ми се променија по доењето. Сега сум презадоволна“, изјавила новопечената богаташка.
Во тој период, за неа и нејзиниот тогашен партнер Рој не постоеле граници. Тие уживале во свршувачката со дијамантски прстен од 2500 евра, но таквата романса завршила веќе следната година.
„Многу е тажно, но јас и Рој одлучивме да се разделиме. Сфативме дека подобро е да бидеме пријатели“, изјавила Сара по разделбата.
Таа додала дека и двајцата биле под влијание на славата стекната благодарение на добивката:
„Сега работите се смирија и животот ни се врати во нормала, но сфативме дека едноставно не сме вљубени еден во друг. Никој друг не е вмешан и декм дека луѓето ќе речат дека сум се променила, но тоа едноставно не се случи“, додала добитничката, пренесува Miror.
Таа посочила дека и понатаму го води истиот живот како и претходно, но сепак некои промени во нејзиниот живот биле неминовни. Најголемата промена е медиумското внимание кое кон неа е насочено веќе со годони. Сара во јавноста не е многу активна, но сепак сè уште е актуелна во медиумските објави.