Колку пати сте се соочиле со обесхрабрувачки зборови од околината? Колку пати всушност сте биле виновни за нечиј неуспех? Ако постојано слушате фрази како: „Тоа е невозможно, нема да успееш, претешко е за тебе и подобро е да се откажеш“, тогаш оваа приказна е токму за вас.
„Неколку жаби еднаш одлучиле да се натпреваруваат и да видат која прва ќе стигне на врвот на ридот. Нивниот натпревар бил следен од голем број луѓе кои дошле да навиваат. Како што трката се наближувала кон крајот, од страна се слушале коментари – ова е претешко“.
Една по една жабите почнале да се откажуваат.
На крајот останале две жаби кои храбро оделе кон врвот, кога некој извикал: „Ова е претешко за една жаба“.
Една од двете жаби тогаш решила да се откаже.
Меѓутоа последната продолжила да оди напред и набргу стигнала до врвот. Сите ѝ честитале и ја прашувале како успеала да дојде до врвот. На крја испаднало дека жабата која победила е глува, таа едноставно не слушнала ниту еден од коментарите.
Затоа, ако некој ви каже дека нешто не можете и дека е надвор од вашите можности, само затворете ги ушите!