Силниот дожд што зафати делови од Турција предизвика поплави, во кои животот го загуби најмалку едно лице.
Поплавите се случија во градовите Адијаман, кој беше уништен во разорните земјотреси на почетокот на февруари и Шанлиурфа, каде што е загрозено секојдневниот живот, пренесува Телеграф.рс.
Според турските медиуми, најмалку три лица се водат како исчезнати во Адијаман, а шест во Шанлиурфа, додека спасувачите и нуркачите трагаат по нив.
На видеата кои кружат на социјалните мрежи може да се види како водата поплавила куќи и згради, возила се заробени, додека поројот носи се пред себе.
Медиумите јавуваат дека од вчера врне, додека метеоролозите предупредуваат дека денеска е најтежок ден.
Турција беше погодена од разорни земјотреси на 6 февруари, во кои загинаа повеќе од 48.000 луѓе, додека сега земјата се соочува со нова трагедија.