Лејла Кашиќ, продуцентката на емисијата „Дневник“ на Радио-телевизија на Црна Гора, преку Инстаграм го обвини црногорскиот музичар Рамбо Амадеус за сексуално злоставување.
Порталот Нова.рс стапил во контакт со Кашиѓ и на прашања дали Рамбо Амадеус и се обратил непримерно, какво сексуално вознемирување доживеала и дали освен во УНИЦЕФ случајот го пријавила и во полиција, Лејла одговорила.
„Во медиумите и на социјалните мрежи не сакам да се занимавам со детали и да го сведам, за мене, крајно трауматично и шокантно искуство, на ниво на таблоиди. Институциите кои треба да знаат – го знаат текот на настаните и моментот во кој ескалира. Станува збор за несоодветно и недозволено допирање на интимен дел од телото, пропратено со скептични коментари и на крај негово признание за стореното“, рекла таа додала:
„Верувам дека Пушиќ беше оправдано санкциониран од УНИЦЕФ и дека мојот несреќен случај ќе послужи како предупредување за барем еден насилник да не прави нешто слично и поддршка барем една девојка да пријави и да не молчи. Само со брзо реагирање на каква било форма на насилство и малтретирање можеме да спречиме големи трагедии, трагедии на ниво на силување или фемицид“, рекла Кашиќ за нова.рс.