За приказните на Ковачевски дека едно се зборело пред јавноста, а друго пред амбасадорите добро е Ковачевски пред да растура пердуви, да каже кои се тие амбасадори и тие да кажат мислење и свој став за ова лажно тврдење на Ковачевски, велат од ВМРО ДПМНЕ по прес конференцијата на премиерот.
-Втора работа цела година Димитар Ковачевски кажува дека има мнозинство не знаеме зошто и сега дефокусира со ВМРО-ДПМНЕ и му се потребни, ако е уверен дека има пратеници, нека одат во собрание да проверат дали е така. Вистината е дека не само што нема мнозинство, одговорно тврдиме дека голем дел од пратениците на СДС не поддржуваат уставни, затоа Ковачевски се плаши да пристапи кон уставни измени, и само растура пердуви. ВМРО-ДПМНЕ нема да учествува во работната група за уставни измени бидејќи не даваме кредибилитет на некредибилен процес. Нашиот став за уставни измени е непроменет и ова собраниски состав нема легитимитет за тоа. Доколку дојде до предметна дебата во Собрание ние ќе ги кажеме аргументите против насилно носење на уставни измени под бугарски диктат, велат од ВМРО ДПМНЕ.