Желбата да се грижиме за нашиот партнер во врската е сосема природна, но исто така, тенка е границата меѓу грижата за него и начинот на кој изгледа грижата за детето.
Кои се знаците дека во врската повеќе се однесувате како родител, а помалку како партнер?
Кавги без решение
Кавгите и недоразбирањата се составен дел на секоја врска, но важно е успешно да ги решите. Ако вашите расправии завршуваат безуспешно, само ќе чувствувате лутина и гнев. Сетете се само како изгледале вашите расправии со родителите во детството. Кавгите со партнерот би требало да бидат целосна спротивност во тоа бидејќи вашите улоги во врската се рамноправни.
Чистење по партнерот
Да го следите партнерот зад секој чекор и да чистите по него е нешто навистина бесмислено. Без разлика дали се работи за трошки храна или за куп алишта на подот, партнерот треба да биде свесен дека тој самиот треба да го средува својот неред. За да имате поголема слога во врската, доволно е да ги распоредите домашните обврски рамномерно.
Правење изговори
Нормално е дека би сакале да го видите партнерот во најдобро светло и дека сакате да браните некои негови одлуки. Но постојаната потреба за правење изговори и оправдување на лошото однесување кое трае подолго време, нема да ја направи вашата врска поуспешна. Нема потреба од мајчинска заштита. Поттикнете го партнерот да прифати дека треба да сноси одговорност за своето однесување.
Целосно контролирање
Некои луѓе едноставно имаат особина да сакаат се да контролираат. Но доколку сакате да воспсотавите контрола над секој аспект во вашата врска бидејќи немате доверба во партнерот, тоа значи дека имате проблем. Важно е и двајцата партнери да ја прифат состојбата во која е врската. Доколку само едниот партнер ги носи одлуките, тогаш тоа може лошо да влијае на врската во иднина.
Постојани приговори
Никој не сака приговарање без прекин, а особено не кога тоа доаѓа од личност која мора постојано да ја слуша. Можеби ви се чини дека тоа е единствениот начин да допрете до партнерот кој се однесува како дете, но конструктивен разговор меѓу две возрасни личности е сосема возможен ако се потрудат и двете страни.