Родителството со себе носи низа одговорности, а грижата околу новороденчето е прва на списокот. Вообичаено, жените по породувањето се чувствуваат исцрпено и ненаспано, а некои сметаат дека најтежок е периодот на првите 40 дена по породувањето. Токму поради тоа, јавноста негативно реагираше на вестите за Џејлин Кокс (29) и нејзиното враќање на работа само пет дена откако ја роди својата втора ќерка.
Оваа жена заработува за живот преку каналот за возрасни Only fans. Џејлин не сакала да седи дома, да ги чува двете деца и да ја пропушти приликата за заработка на пари, со оглед на тоа дека не постои платено породилно отсуство во светот на „индустријата за возрасни“ во која таа работи.
„Иако мојот партнер остро се спротивставуваше на тоа да се вратам на работа пет дена откако го родив бебето, јас го убедив дека тоа е најдобро за сите нас. Жените кои седат деца дури и по една година откако се породиле, се едноставно мрзеливи! Седењето дома со децата води само кон депресија и дебелина, а јас не сакам да се препуштам на тоа, бидејќи знам дека вака можам секојдневно да заработувам“, објаснува таа, а пренесува San.
Џејлин веднаш почнала да вежба во теретана и на другите мајки им порачала дека физичката активност не треба да се одложува. Според неа, секако дека се подразбира и држењето диета.
'I went back to work days after giving birth – women who take maternity leave are lazy, and they need to hit the gym too' https://t.co/ec8dFvSgh0
— The Sun (@TheSun) February 14, 2023
„Сметам дека една жена секогаш треба да биде атрактивна за својот партнер“, додава таа. Мирната идилична атмосфера во домот со децата и партнерот, очигледно не е идеал кон кој се стреми оваа мајка.
„Не знам на која жена ѝ е интересно цела година да седи дома затворена во четири ѕида. Таквиот живот води кон спредија и сите жени треба да дадат се’ од себе да се вратат на работа што побргу, да имаат социјален живот, а не животот да им се сведува само на чување деца“, изјавила Џејлин.
Многу жени го осудија нејзиното однесување, а токму поради таа причина, речиси сите коментари на нејзините профили на ТикТик и Инстаграм се или избришани или оневозможени.