Италијанскиот бизнисмен и милионер, Џанлука Ваки (55) во јавнста е познат и како најзгодниот дедо, а освен со заводливиот изглед тој го привлече вниманието на јавнста и со врската со 27-години помладата Шерон, со која добија и дете.
„Иако имам чувство како веќе да сум во брак со Шерон, би сакал ќерка ми да расте во традиционално семејство. И да, би се оженил пред сите со Шерон. Сакам да кажам дека еден ден ќе се појавам со прстен пред неа и ќе ја прашам дали сака веднаш да се омажи за мене. Од друга страна, би сакал Блу да биде малку поголема за да може да се сеќава на венчавката на своите родители“, изјави Џанлука во една прилика.
Тој е роден во Болоња во 1967-та година, а изгледот му донесе голема слава. Многу жени мечтаеја за него, со оглед на тоа дека е остварен на сите полиња.
Тој беше раководител на компанија за производство на приколки за автомобили, но и член на Управниот одбор на фармацевтската фирма Fin Vacchi Finanziaria Vacchi. Сепак, по пропаѓањето на компанијата која банкнотираше, тој беше осуден на затворска казна од 3,5 години.
Поради долг од 10,5 милиони евра банката му ги заплени луксузните вили и јахти, како и акциите во голф клубот.
„Тоа е само мал, сосема неважен долг“, изјави Лука, чија фамилија поседува фармацевтска компанија која и покрај добрата заработувачка очигледно не може да го покрие неговиот екстравагантен начин на живот.
Љубовта му го промени животот
Џанлука и Шерон се запознале на снимањето на еден музички спот каде што се вљубиле еден во друг. Разликата во годините воопшто не им пречи, па се шегуваат дека Џанлука има енергија како да е на 15-годишна возраст.
Тие во октомври 2020 година ја добија ќерката на која ѝ го дадоа името Блу Џерусалема Вак, за која приредија и спектакуларен дочек, а за сето тоа имаше бројни фотографии на Инстаграм
И покрај тоа што многумина прогнозираа дека нивната љубов нема да трае долго, нивната врск е се поцврста. Папараците пред неколку дена направија и фотографии во прилог на тоа. Џанлука и Шерон беа фотографирани во еден ресторан во Мајами, расположени и насмеани. Џанлука привлекува внимание и со своите необични комбинации, кои ги носат само смелите мажи.