Регионалниот центар за управување со кризи-Штип соопшти дека Територијалната противпожарна единица Штип интервенирала на запалена фарма покрај патот Штип-Радовиш на местото викано „20-ти км“.
Пожарот е пријавен во 16:10ч, а на местото интервенирале три противпожарни возила и 10 пожарникари. Пожарот е локализиран во 17:50, а при тоа е повредено едно од лицата кои интервенирале, поради вдишување на чад.
Повреденото лице е вработен на фармата. Тој е во стабилна состојба и е на оделение во Клиничка болница Штип.