Правосудството има метастаза од непотизам. Функционерите на СДС и ДУИ се на чело на извршната власт, а од друга страна гледаме како нивни роднини, деца влегуваат во правосудството. Македонија за жал целосно се партизира, се фамилијаризира, рече Миле Лефков, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ одговарајќи на новинарско прашање за изборот на судии и обвинители.
Според него ваква пракса очигледно е дека се случува само во Македонија.
„Дали сте слушнале дека во друга држава е можно синот на претседател на Собрание да стане јавен обвинител кога неговиот татко е претседател на Собрание, има и ќерка на обвинителка, син на обвинителка од СЈО, син на судија, снаа на генерален секретар на Собранието. Сите тие ги добиваат функциите додека и нивните родители, роднини се на функција“, посочи Лефков.
Според него за време на ова власт предводена од СДС и ДУИ злоупотребите продолжуваат со овој невиден непотизам.