Изјавите на Драган Павловиќ – Латас во поткастот на јутјуберот Стефан Лазаров се предмет на анализа на Јавното обвинителство. Бурните реакции во јавноста се однесуваат на дел од интервјуто, каде Латас се фали со своето прво сексуално искуство, каде во описите, некои од луѓето кои реагираа дека е со сомнеж за силување. Од Обвинителството велат дека постапуваат по наводите.
-До Основното јавно обвинителство Скопје доставено е известување од Секторот за компјутерски криминал при МВР за настанот. Надлежен јавен обвинител ќе даде насоки за натамошни дејствија и проверки, одговорија од ЈОРМ.
Јавноста во дел од коментарите е згрозена во изјавата на Латас во интервјуто, во кое го опишува своето прво сексуално искуство:
– Имав еден познаник во Кисела Вода кој беше многу насилен и тепаше девојки за да има секс со нив, тој беше син на моќен полициски инспектор, па го штитеа, еднаш кога имав 14-15 години ме зема со себе и ме внесе во кола, Фичо, во која имаше гола девојка целата распрталена и ми рече ајде работи и тоа ми беше првото сексуално искуство, вели Павловиќ Латас.
На интервјуто, реагираше Хелшинскиот комитет за човекови права:
-Во видеото, кое веќе има над 50 илјади прегледи, за двајцата соговорници силувањето е извор на забава и смеа, со што тие директно праќаат порака кон огромната публика не само дека тоа е нешто нормално, туку и смешно. Ова интервју е само еден јавен и болен показател за тоа како во пракса изгледа нормализирање на културата на насилство и до каде може може да доведе непостапувањето на институциите и немањето јасни ставови и политики кои ги заштитуваат жртвите, наместо насилниците. Таа култура, им дава ветер во грб на насилниците, кои не само што продолжуваат да живеат нормално, туку и да бидат славени како „вистински мажи” и победници. Истата таа култура ги осудува жртвите, праќајќи им јасна порака дека системите на поддршка се речиси непостоечки. На оваа култура мора да и се стави крај, јасно и гласно, ако јавната осуда е единствено оружје кое го имаме на располагање, соочени со систем кој очигледно не знае и не сака да се справи со родово базираното насилство, реагираше Хелшинскиот комитет.
На ова Латас одговори дека не постои таква негова изјава за силување, особено не на кое тој присуствувал.
-Значи, нема ни во посочената емисија, подкаст, кој е најпопуларен во државата, а замислете се уште не е под ваша контрола. Кој сака тоа може да го види на самото видео. Кој не сака, а бланко верува на овој самонаречен Хелсиншки комитет земај доброволно ризик да заврши со испран мозок, како со шарената револуција која ја предводеа, одговори Латас.