Маж го загуби животот, а жени со тешки телесни повреди е пренесена во Клиничкиот центар во Скопје, каде ѝ е укажана медицинска помош, откако паднале од зграда на булевар „Климент Охридски“ во Скопје.
Како што соопшти МВР, во СВР Скопје вчера во 12:57 часот било пријавено дека пред зграда на булеварот „Климент Охридски“ биле пронајдени паднати Ф. М. (47) и К. Г. (39), двајцата од Скопје.
– Лекар од Итната медицинска помош кај Ф. М. констатирал смрт, а К. Г. со тешки телесни повреди била пренесена во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување помош, наведуваат од МВР.
Увид бил извршен и се преземаат мерки за расчистување на случајот.