Саемот за венчавки кој ќе се одржи од 10-12 март во Х. Александар Палас ќе понуди богата програма во сите три дена, а е во организација на магазинот www.vobelo.mk.
Отворањето на саемот е предвидено за 10март од 17ч. за посетители, а во 21ч ќе биде свечениот дел кога на пистата ќе прошетаат многу познати личности облечени во венчаници и костуми. Во текот на вечерта ќе има и музички дел и многу забава. Водител и домаќин на саемот оваа година е Ведрана Ѓоргевиќ. Во делот на програмата за сабота и недела ќе има неколку индивидуални ревии, а посебен сегмент ќе биде и приказот на соодветни фризури и шминка за идните невести. На сцената ќе има познати мејкап артисти кои ќе презентираат и ќе делат совети за совршен изглед за големиот ден. За првпат во Македонија ќе имаме и презентација на моден дизајн во 3д форма , а најдобрите дизајнери ќе добијат и посебно признание.
Секако најголемата забава за идните невести ќе биде прошетката низ трите хали во хотелот каде најдобрите дизајнери, декоратери, фотографи, ресторани и се што е потребно за организација на големиот ден ќе го изложат на простор од 2000м2. Секако убавината на саемот не се само иновациите, но и големите попусти кои ќе ги добиете доколку аплицирате за нашата шопинг картичка која ја добивате бесплатно, а се што треба да сторите е да ни пишете на нашиот меил contact@vobelo.mk vobelo.mk@gmail.com и да ги оставите вашите податоци (тел. име и датум за свадба) – најави организатрот.