Според експертите за говор на телото, има неколку суптилни знаци на кои треба да внимавате доколку сне сте сигурни дека партнерот ја кажува вистината. Доколку вашиот партнер си го трие носот, си го допира вратот или ги затвора очите, многу веројатно е дека не ја кажува вистината.
Повеќето од нас користат мали лаги во секојдневието и тоа донекаде е прифатливо, но кога се во прашање нашите партнери, искреноста е многу важна. Тогаш како би знаеле дека партнерот ве лаже? Според познавачите, има неколку суптилни знаци.
Ник Дејвис и Софи Задех се експерти за говор на телото кои откриле кои се оние знаци на кои мора да внимавате кога се обидувате да утврдите дали партнерот ве лаже.
Триење на увото
Лажгото потсвесно ќе се обиде да го блокира звукот на лагата што ја кажува. Луѓето што лажат можат да си го тријат увото за да ве оддалечат од фактот дека го прекинуваат контактот со очите и гледаат подалеку од вас додека зборувате. Вашиот партнер исто така може да го свитка увото сигнализирајќи дека слушнал доволно и дека не сака да го продолжи разговорот.
Покривање на носот
Клучниот знак на кој треба да внимавате е лесното триење на носот, додека прстите се веќе преку уста, што значи дека се обидува да ги прикрие невистините што ги изговара.
Допирање на устата
Допирањето на устата честопати може несвесно да се користи за сузбивање на лагите. Овој гест понекогаш е придружен со лажно кашлање.
Триење на вратот
Некои луѓе додека лажат си го тријат вратот. Причината за ова лежи во фактот дека додека лажат чувствуваат топлина на вратот или лицето, односно се потат.
Затворање на очите
Последниот трик за да утврдите дека партнерот ве лаже е затворањето на очите, или гледањето настрана. Мажите енергично си ги тријат очите кога кажуваат големи лаги, додека жените се допираат под очите и гледаат нагоре.