Многу фактори влијаат на квалитетот на сонот, а храната што ја внесувате во вашиот организам е дел од нив. Има различни видови храна што може да доведат до тоа да се будите во текот на ноќта, доколку јадете нешто несоодветно пред да заспиете. Во тој случај храната тешко се вари и предизвикува киселини. Обидете се да ја избегнете ваквата храна, дури и да не е тоа целосно, барем не јадете ја неколку часа пред легнување.
Пржена храна
Храната со масти, како што е помфрит или пржено месо, не е паметен избор за исхрана пред спиење. Таа тешко се вари и може да создаде киселини во желудникот, што е непријатно. Вакво влијание исто така имаат и крофните.
Газирани пијалоци
Кога конзумираме пијалок кој содржи јаглерод диоксид тоа може да предизвика надуеност и притисок во стомакот, поради кој би можеле да се разбудиме во текот на ноќта. Тоа се однесува на сите видови газирани пијалоци.
Сокови
Соковите од овошје како портокал, ананас или грејпфрут имаат високо ниво на киселост, што секако не му годи на нашиот организам во вечерните часови. Токму поради тоа се препорачува вакви сокови да се конзумираат во текот на денот.
Црвено месо
Црвеното месо е корисно за организмот, но е тешко за варење. За да се свари ова месо потребно е „пренасочување“ на крвта во дигестивниот систем, а тоа може да доведе до немирен сон.
Шеќер
Шеќерот од храната што ја јадете навечер може да влијае на нивото на шеќер во крвта што води кон будење во ноќта, дури и кога сте во длабок сон. Без оглед на тоа колку привлечно делува, избегнувајте го шеќерот навечер за да не се разбудите уморни следното утро.
Извор: blic.rs