Тамара Ситол (37) родила десеторка, иако во текот на бременоста ѝ било кажано дека носи пет деца.
Гинеколозите и нејзиниот сопруг останале вчудоневидени кога го виделе бројот на деца кои се родиле.
Селото Тембиса, во близина на Преторија, Јужна Африка, од оваа недела е запишано со златни букви во Гинисовата книга на рекорди. Иако никому не му е јасно како на гинеколозите можел да им се случи ваков превид, со оглед на тоа дека пред самото породување тие виделе пет деца на ултразвук, Тамара не се грижи за тоа.
Таа пресреќна лежи во болницата опкружена со новинарите, бидејќи штотуку ја надмина жената од Мали која минатиот месец на свет донесе девет деца.
Јужноафриканските медиуми веќе ја нарекуваат Тамара „мајка на десет деца“, а таа само срамежливо се насмевнува и вели дека Бог со оваа одлука ѝ го подобрил животот.
„Ова е божјо чудо. Не ни претпоставував дека имам десет деца во стомакот. Кога почнавме со царскиот рез само се молев се да биде во ред“, изјавила Тамара.
Нејзиниот сопруг вели дека веќе два дена е пијан од среќа. Тој додава дека се чувствува како „Божјо избрано дете.
„Тоа е чудо кое многу го ценам“, истакнува тој, јавува Би-Би-Си.