Маријана Ковачевиќ стана позната како докторка која им помага на најголемите спортски ѕвезди брзо да закрепнат и што побрзо да се вратат на терените.
Најнов на списокот на луѓе на кои им помогнала е Новак Ѓоковиќ! Докторката Маријана всушност нему му помогнала за да остане на Австралија опен.
Во еден момент делуваше дека Новак тешко ќе може да го „истурка“ турнирот до крај, а потоа во целата приказна се вклучи познатата докторка. Листата на спортисти кои се лечеле кај неа е долга, а меѓу нив се вбројува дури и Кристијано Роналдо.
„По моите третмани, мускулот е целосно нов. Нема ниту трага од претходната повреда. Бидејќи мускулот е целосно нов – нема нема лузни, сенки, фиброза, нема можност за повторување на повредата, тоа е втората ставка од револуционерната метода. На крајот од терапијата се прави скенирање за да се потврди тоа. Значи, поентата е да се постигне целосна регенерација на мускулите“, изјавила таа во разговор за ТВ Прва.
По овој третман, закрепнувањето трае значително помалку време.
– Терапиите се толку силни што еден час терапија заменува една недела третман со која било метода во светот. Затоа, ако кажат дека треба да мирува еден месец, ќе го решам проблемот за четири часа – објаснила Маријана.
Извор:kurir.rs