ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 10/15/19 7:39 AM

Масовни протести со 37 повредени во Каталонија, блокиран и аеродромот во Барселона

Досегашниот биланс од судирите помеѓу полицијата и демонстрантите во Каталонија е 37 повредени. Масовните протести во Барселона и во други каталонски градови почнаа поради вчера изречените затворски казни за сеператистичките водачи на таа шпанска покраина.

Учесниците во протесттите ги гаѓаа полицајците со камења, а со контејнери за отпад се обидуваа да ги пробијат кордоните. Блокиран е и меѓународниот аеродром во Барсеона, поради што се откажани стотина летови. Полицијата против демонстрантите на аеродромот употребила и гумени палки, а некои од нив и уапсила.

Причина за протестите е вчерашната одлука на Врховниот суд на Шпанија да осуди девет каталонски политичари на затворски казни меѓу девет и 13 години поради организирање на забранетиот референдум пред две години. Приврзаниците на независноста на најбогатиот шпански регион, по изрекувањето на пресудата, излегоа на улиците на Барселона, Џирона, Тарагоне, Манресе…

Според Европската комисија, каталонското прашање е внатрешно прашање на Шпанија.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1