– ММС
Вести Македонија

ГастроМак: Охрид мирисаше на највкусните светски кујни (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Со звуците на традиционалниот македонски фолклор и свеченото дефиле , вчера започна четвртото издание на интернационалниот ГастроМак. На овој гастрономски натпревар кој беше од меѓународен карактер учествуваа 300 натпреварувачи од 30 земји ширум светот.

ГастроМак оваа година се одржа под мотото „GastroMak 2019″ –Don t Worry, Be Ohrid.

Во рамките на четвртот Гастромак, денеска беше органзирана изложба на традиционална кујна и натпреварувачки дел по категории. За вкусовите не се коментира, но фотографиите зборуваат сами за себе.

На третиот ден љубителите на гастрономијата кои ги имаше во голем број беа сведоци на Рибниот фестивал- Fish Festival bu Don Davin, на кој шефови на кујни од повеќе земји подготвуваа риба на различни начини. Во меѓувреме се одржуваше и натпреварот во категории на денот и Мастеркласови/Презентациска програма.

Убавото време им беше во прилог на разубавување на самата атмосфера и големата посетеност на овој гастрономски натпревар од светски ранг и најголлем во Југоисточна Европа.

Утре на програмата е BLACK BOX, натпреварувачка програма и Мастеркласови, а настанот ќе заврши со церемонијата на затварање на која ќе бидат доделени Grand Prix наградите.

Програмата на фестивалот се случува во хотелот „Нова ревиера“.

Преку фотогалерија погледнете што се случуваше на четвртиот ГастроМак:

Лограње

X

Регистрација