– ММС
Вести Македонија

Мицкоски: Можеби ќе нема датум за отпочнување преговори со ЕУ

Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски се сомнева дека земјата ќе добие датум за почеток на преговори со ЕУ. Вели дека блиску е датумот кога ќе се одлучува за евроинтеграциите на државата, но како одминуваат деновите, ќе нема безусловен датум, тој ќе биде условен иако теоретски може ќе нема ниту таков датум, истакна Мицкоски.
Смета дека ваквата одлука е поради низата коруптивни скандали на власта. Мицкоски вели дека поседуваат сериозни докази за вмешаност во корупција на владините функционери, и за многу брзо тие докази партијата ќе ги објави во јавноста.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, денеска е на средба со граѓани во општина Карпош во рамки на карванот “Обнова на Македонија“.

Преземено од: www.sitel.com.mk

Лограње

X

Регистрација