– ММС
Вести Свет

Вучиќ: Кога велат немојте со Русите, Кинезите, ние велиме – сакаме, тоа е наш интерес

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека секогаш ќе се бори за мир, затоа што војната никому не му е потребна, но дека тој никогаш нема да дозволи некој да ја понижи Србија со какво било решение за Косово.

-Моја работа е да го издржам целиот притисок околу Косово, Република Српска (БиХ) и други важни прашања, но што и да слушате и гледате на ТВ, како некој ни носи понижувачко решение или ни нуди решенија што ги негираат српските интереси, знајте дека кариера не ми е важна и дека секогаш ќе настојувам да го одржувам мирот, кажа Вучиќ во Блаце, во рамките на неговата кампања „Иднината на Србија“.

Вучиќ им се заблагодари на граѓаните за нивната поддршка за да може Србија сама да одлучува за своите политички потези и интереси.

-Кога ќе ни кажат – немојте со Русите, ние велиме сакаме, затоа што е наш интерес да имаме добри односи. Кога ни кажуваат – немојте со Кинезите, ние ќе го направиме тоа, бидејќи наш интерес е да имаме добри односи со Кинезите, наш интерес е да го сториме тоа, да ја прошириме нашата мрежа на пријатели, но никому нема да му дозволиме да ја понижува Србија и да го понижува нашиот народ , рече Вучиќ.

Лограње

X

Регистрација