ММС

Објавено на: 10/12/19 1:42 PM

Восочна фигура во спомен на Авичи во музејот „Мадам Тисо“

Како спомен на шведскиот диџеј Авичи, кој минатата година изврши самоубиство, во музејот „Мадам Тисо“ во Њујорк е поставена негова восочна фигура.

 

Тим Берглинг, како што беше неговото вистинско име, прикажан е зад миксетата со слушалки околу вратот, подигната рака, широка насмевка и качкет свртен наопаку. Токму онаков каков што го памтат неговите фанови.

 

„Мило ни е што на Тим му е оддадена почит на овој начин и се надеваме дека фигурата ќе им донесе радост на сите кои го сакаа него и неговата музика“, рекле родителите на Авичи.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.