ММС

Објавено на: 10/11/19 12:13 PM

Со голем граѓански марш и почит за загинатите борци Прилеп го чествува 11 Октомври

Бројни делегации, од Сојузот на борците, претставници од кабинетот на Пртетседателот, на Собранието, од Владата, од Министерството за одбрана и АРМ, од градот-херој Прилеп, од почитички партии, здруженија, граѓани се поклонија и положија венци и цвеќе во Алејата на народните херои каде се бистите на 10-те загинати херои, на споменикот „Жена-борец“, на Могилата на непобедените каде се моштите на околу 650 борци. Делегациите со почит и пред спомениците на првиот претседател на Президиумот на АСНОМ; Методија Андонов Ченто и на иделогот на Народната револуција, Кузман Јосифоски Питу во центарот на Прилеп.

Обраќајќи им се на присутните пред Могилата на непобедените, прилепскиот градоначалник Илија Јованоски рече дека од Прилеп македонскиот народ се крена на вооружено востание и покажа готовност да се бори за својата национална слобода и независност.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.