– ММС
Вести Македонија

Заев во понеделник ќе се сретне со македонските историчари, ќе креираат заеднички јазик

Македонскиот премиер Зоран Заев в понеделник ќе се состане со македонските историчари од мешовитиот комитет на експерти кој треба да најде заеднички јазик со бугарската страна согласно договорот за добрососедство со Бугарија. Ова го потврди шефот на македонската Влада во заедничката изјава за медиумите со премиерот на Словенија, Марјан Шарец.

Во моментов жешки теми се идентитетот на револуционерот Гоце Делчев и средновековието отксако последната средба на историчарите во септември беше оценета како неуспешна.

– Бугарија има интерес од нашиот прогрес кон ЕУ. Овие денови ќе имам контакти со Бојко Борисов, нашите министри се во постојана комуникација. Бугарија ќе биде најгласниот поддржувач за отпочнување на преговорите со ЕУ. Јасна ми е дебатата и во Македонија и во Бугарија за нашиот револуционер. Во понеделник ќе имам состанок со комисијата, која пак на 15 октомври ќе има средба во рамки на комитетот. Да го отвориме патот за младите, за децата, за идните генерации, рече Заев.

Седмиот по ред состанок кој се одржа во Софија од двете страни беше квалификуван како најбесполезен и најнеспокоен до сега. Ден по средбата, предводникот на македонскиот тим Драги Ѓеоргиев рече  дека таа поминала во тензична атмосфера, а клучен камен на сопнување бил средниот век и поимите кои ги користат бугарските историчари во нивните учебници за територијата на земјава.

Државниот врв, Вадата и Собранието на Бугарија одлучи да и даде поддршка на Македонија за отпочнување на преговорите со ЕУ, но со поставени „црвени линии“ кои ќе треба да се реализираат во текот на отворањето на поглавјата.

фактор.мк

 

Лограње

X

Регистрација