– ММС
Забава

Факти за балетот поради кои поинаку ќе гледате на оваа уметност

Животот и работата на балерините и балетаните се полни со митови.

Вистина ли е дека јадат само салата и пијат само вода? Вистина ли е дека не сакаат да имаат свои деца, со цел да имаат успешна кариера? Која е вушност нивната вистинска тежина? Ова се најчестите прашања кои се поврзани со животот на балерините и балетаните.

Децата кои почнуваат да се занимаваат со балет, вообичаено се од четири од седумгодишна возраст.

 

View this post on Instagram

 

Дальше-больше😏👌🏽

A post shared by @ dance_ballet_horeograf on


Меѓутоа, тие почнуваат со вежбање многу порано, па дел од подготовките се прават уште во третата година од животот на детето, за да може да научи да го контролира своето тело и да се движи во ритамот на музиката.

View this post on Instagram

🍪 #worldwideballet

A post shared by @ dance_ballet_horeograf on

Една од најважните „технички карактеристики“ кај балерините и балетаните е истегнувањето на стопалата. Затоа е важно овие личности да имаат анатомска предиспозиција. Повеќето балерини се високи меѓу 160 и 172 сантиметри, а совршената тежина би требало да биде меѓу 40 и 58 килограми. Сепак, нивната не така голема тежина, не значи дека тие не се доволно силни.

Должината на нозете е исклучително важна за оние кои танцуваат балет и ова не е мит. Кога станува збор за храната, има низа ограничувања. За да останат во елегантна форма, овие луѓе мора да се откажат од храната на која повеќето од останатите се навикнати. Така на пример, балерината Светлана Захарова која е 158 cm  и тежи 49 килограми, воопшто не  јаде сол. Нејзиниот појадок го сочинуваат житарки направени со вода.

Работата зад сцена е подеднакво активна како онаа на сцената. Балерините и балетаните освен што макотрпно вежбаат и работат на своите кореографии, тие се грижат за својата облека, фризурата и шминката. Нивната секојдневна работа вклучува недостиг од сон, хроничен замор и многу напорна работа.

Стопалата на балерините и балетаните трпат исклучително тешки проби. Нивниот работен ден трае по многу часови без паузи за ручек. Жените во оваа професија имаат повеќе работа од мажите, па затоа тие многу често се на работа прекувремено. Освен ова, луѓето кои танцуваат балет мораат редовно да одат на масажа, а видот на масажата зависи од целта.

Мајчинството и балетот

„Да се биде и мајка и балерина истовремено не е воопшто лесно. Сега, јас би можела да замолам некој да го чува моето дете за да одам на проби, па и на пилатес за да останам во форма, но не би можела да замислам да го правам тоа. Едноставно не можам. Во текот на првите години откако се породив, кариерата престана да биде најважната работа во мојот живот. Сепак, успеав да се вратам прилично брзо на работа. Почнав да вежбам уште кога мојот син беше два месеца, а на сцената почнав повторно да играм кога беше четири месеци“, вели Полина Семионова.

„Да бидеме искрени – и во минатото па и сега, многу малку балерини имаат храброст да станат мајки, затоа што постои опасност никогаш веќе да не се вратите на сцена. Сепак, јас одлучив да станам мајка и сега сум пресреќна што имам ќерка“, истакнува Светлана Захарова.

И покрај многуте жртви, балерините и балетаните танцуваат несебично, инспирирајќи ги гледачите со својата моќна и силна умeтност. Балетот е прекрасен и елегантен и таков вид уметност кој не би можел да ве остави рамнодушни.

 

 

Лограње

X

Регистрација