– ММС
Забава

Студентка нинџа – напишала есеј со невидливо мастило

На изненадување на професорот, Јапонката Еими Хага, која студира историја на нинџите, го предала есејот, кој всушност бил само еден празен лист, но и покрај тоа Хага добила највисока оценка за истиот, бидејќи професорот сфатил дека станува збор за работна задача која е напишана со невидливо мастило, по примерот на нинџите, пренесува Би Би Си.

Останувајќи верна на она што го изучува, студентката користела нинџа техника „абуридаши“, која подразбира користење на специјално масло. Хага поминала часови натапкувајќи и мелејќи зрна од соја за да го направи мастилото.


Исто како што сме гледале на филмовите, кога професорот го загреал листот хартија, зборовите магично се појавиле.

„Тоа е нешто што сум го научила од една книга што ја прочитав уште кога бев мала. Само се надевав дека на никој нема да му дојде на ум истата таа идеја“, изјавила Хага за Би Би Си.

За нинџите се заинтересирала уште како мала кога гледала анимирани серии на телевизија.

Откако се запишала на Универзитетот „Мие“, како бруцош веднаш одбрала историја на нинџите како еден од предметите, а за есеј од неа било барано да пишува за посетата на Музејот на нинџи „Игарју“.

„Kога професорот на час рече дека ќе дава високи оцени за креативност, одлучив да напишам есеј кој ќе се разликува од другите. По кратко размислување ми дојде идејата за „абуридаши“, раскажала Хага.

Лограње

X

Регистрација