– ММС
Забава

Зошто бананата не е добар избор за доручек?

Бананите во себе содржат дури 25 отсто шеќери и спаѓаат во умерено киселите продукти, поради што и не се најдобра опција доколку се единствена утринска храна.

Најдобар начин да го започнете денот е со доручек кој согорува калории, а со кој ќе внесете доволно енергија за да издржите до следниот оброк.

Иако бананите ќе ви дадат одредена количина на енергија, набргу ќе почнете да чувствувате глад и умор.

Затоа, тие се подобро решение за ужина отколку за цел оброк, бидејќи сами не се доволни за почеток на денот.

За да го спречите чувството на умор и глад, откако ќе јадете банана за доручек, би требало да ја комбинирате со храна која содржи здрави маснотии, како авокадо.

Бананите припаѓаат во групата на кисели намирници, а таа киселина треба да се неутрализира за да ги искористите само добрите состојки на бананата како што е калиумот, влакната, магнезиумот, а не шеќерот кој само привремено дава енергија.

Лограње

X

Регистрација