– ММС
Вести Македонија Свет

Во Нови Сад денеска трилатерална средба Вучиќ – Заев – Рама

Работниот состанок на претседателот на Србија, Александар Вучиќ, и премиерите на Македонија и на Албанија, Зоран Заев и Еди Рама, ќе се одржи денеска во Офицерскиот павилјон на Петроварадинската тврдина во Нови Сад, соопштиле од Претседателството на Србија, а пренесуваат српските медиуми.

Вучиќ најавил дека со премиерите на Македонија и на Албанија уште порано разговарале за отстранување на бариерите во слободниот проток на стоки и услуги помеѓу трите држави, односно за таканаречен „мал шенген“, а тоа би требало и денеска да се најде на дневен ред. Вучиќ оценил и оти тоа е „епохална идеја“ која добила „целосен консензус“ од премиерите на Македонија и на Албанија.

Гостите од Македонија и од Албанија во Нови Сад биле од синоќа, го разгледале градот, а имале и заедничка вечера.

Лограње

X

Регистрација