– ММС
Вести Македонија

„Братска љубов“: Бугарија ни’ ги постави црвените линии, а што можеше друго да се очекува?

Бугарската влада вчера ја усвои одлуката со која се поддржува Македонија да добие датум за преговори со ЕУ, но со долг список црвени линии за  кога ќе почнат преговорите со Унијата. Македонија треба да прифати дека не постои македонско малцинство во Бугарија, да го промени учебниот материјал по географија и историја и да се реши прашањето за Гоце Делчев и останатите револуционери од илинденскиот период во најкраток рок…

Се бара да се користи фразата „официјален јазик на Република Северна Македонија“, а при неопходна потреба од користење на терминот „македонски јазик“ во документи на ЕУ со фуснота секогаш да се појаснува „согласно уставот на Република Северна Македонија“.

„Ниту еден документ/изјава во процесот на зачленување во ЕУ не може да се смета како признавање од бугарска страна на постоењето на таканаречениот „македонски јазик“ одвоен од бугарскиот“, пишува во документот усвоен вчера.

Бугарија позитивно се изјасни и за старт на преговорите на ЕУ со Албанија, бидејќи смета оти раздвојувањето на Скопје и на Тирана би било грешка и може да доведе до нестабилност во регионот. Бугарите испорачаа некои услови и за Албанија, меѓу кои и за правата на „бугарското малцинство“ во таа земја.

Само наивните можеа да очекуваат дека нашиот источен сосед нема да ја злоупотреби состојбата за вакви уцени, а сличен ветар треба да се очекува и од југ. Изгледа, ќе мора да плаќаме уште многу даноци поради „лудориите“ во изминатите години од партиските врвови на македонските партии.

Лограње

X

Регистрација