– ММС
Вести Македонија

Нова кривична пријава против поранешниот градоначалник на Кавадарци

Полицијата од Кавадарци поднесе кривична пријава против поранешениот градоначалник Александар Панов поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“.

„Во периодот од 2010 до 2013 пријавениот, како градоначалник на општина Кавадарци, без донесена одлука за донесување на детален урбанистички план за изградба на „Зелен пазар“, избрал фирма од Прилеп за изработка на идеен и основен проект за изградба на наведениот објект. Притоа, тој во три наврати на таа фирма и исплатил вкупно 2.689.800 денари за наведените услуги.

По изготвувањето на проектот и донесувањето на генерален урбанистички план за наведениот објект, пријавениот, не ја спровел одлуката на Советот на општина Кавадарци за расчистување на имотно – правните односи при изградба на објектот, по што објектот не бил изграден. Со ова, пријавениот ѝ овозможил на фирмата од Прилеп да се стекне со противправна имотна корист од 2.689.800 денари на штета на Буџетот на општина Кавадарци“, стои во денешниот Билтен на МВР.

(Нова тв)

Лограње

X

Регистрација